Аукции на благајнички записи еднаш месечно

Bez autora
Apr 08 2012

Монетарната власт воведе промени во аукциите на благајничките записи преку кои досега банките затвораа огромни суми ликвидни средства во Народна банка. Наместо секоја среда со фиксна камата од четири отсто на неограничени суми, аукциите сега ќе се одржуваат еднаш месечно, каматата ќе ја одредуваат самите банки, но не над сегашните четири отсто, а НБМ ќе ја ограничи и сумата на записи која ќе можат да ја купуваат. Гувернерот на НБМ, Димитар Богов не очекува дека каматната стапка на благајничките записи ќе падне многу по сегашните четири отсто и вели дека аукциите ќе бидат дизајнирани така таа да се движи околу овој процент. За тоа дали по ограничените аукции банките ќе го пласираат вишокот средства во државни записи, или пак во кредити за фирмите и граѓаните, гувернерот вели дека банките самите ќе одлучат.

Аукции на благајнички записи еднаш месечноМонетарната власт воведе промени во аукциите на благајничките записи преку кои досега банките затвораа огромни суми ликвидни средства во Народна банка.

Наместо секоја среда со фиксна камата од четири отсто на неограничени суми, аукциите сега ќе се одржуваат еднаш месечно, каматата ќе ја одредуваат самите банки, но не над сегашните четири отсто, а НБМ ќе ја ограничи и сумата на записи која ќе можат да ја купуваат.

Гувернерот на НБМ, Димитар Богов не очекува дека каматната стапка на благајничките записи ќе падне многу по сегашните четири отсто и вели дека аукциите ќе бидат дизајнирани така таа да се движи околу овој процент. За тоа дали по ограничените аукции банките ќе го пласираат вишокот средства во државни записи, или пак во кредити за фирмите и граѓаните, гувернерот вели дека банките самите ќе одлучат.

- Кредитниот раст во првите два месеца од годинава се намалува и можно е тој да биде под очекуваниот. Со новата рамка се дава стимул да се оствари проектираниот раст. Но, не очекувам позначајно кредитирање, бидејќи тоа зависи од ризиците во економијата и во еврозоната - објасни Богов.

Од почетокот на годината, информира тој, износот на благајнички записи се зголемил за 10 милијарди денари, како вишок кој се креирал поради откупот на девизи. Сега износот на аукциите ќе се ограничува постојано во наредните два месеци за да се стигне до нивото од 30 милијарди денари.

Освен промените во аукциите на благајничките записи, НБМ воведува и редовни неделни репо операции за обезбедување ликвидни средства во банкарскиот систем, расположливи депозити со камата од два отсто секоја среда, со кои ќе се обезбеди пофлексибилно управување со ликвидноста на банкарскиот систем, ја намалува каматата на расположливиот кредит преку ноќ од 1,50 на 0,50 отсто над каматата на благајничките записи и воведува расположив депозит преку ноќ со камата од 1 отсто, кој ќе биде достапен секој ден. Задолжителната резерва на банките ќе остане иста.

НБМ работи на нова редовна тримесечна ревизија на макроекономските параметри, која ќе ја објави на почетокот на мај. Сегашните движења ги потврдуваат проекциите за забавување на економијата, а падот на увозот и извозот може да предизвикаат помал дефицит во тековната сметка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik